среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тактичка воена вежба на Криволак

Тактичка воена вежба на Криволак

Тактичка вежба со боево гаѓање ќе се одржи денеска на „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“, која од 5 јуни до 9 јули, во две ротации се одржува на Центарот за поддршка на обуката.

Пешадија, артилерија и воздухопловни единици ќе учествуваат во тактичката вежба, која е отворена за медиумите, а ќе присустува и Џозеф Ленгиел, шеф на Бирото на националната гарда на САД.

Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата учествуваат во оваа најголема воена вежба во земјава.

Нашата армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјани операции на партнерските земји.

Сценариото на вежбата предвидува демонстрација на подготвеност со употреба на кредибилна колективна одбрана кое вклучува сеопфатно планирање на операции, вежби на командно место, двострана теренска вежба и обука со боеви гаѓања.

За време на вежбата ќе бидат организирани и отворени денови за граѓаните низ неколку градови. Утре во  Гевгелија, на 11 во Свети Николе, 15 во Кавадарци, 26 во Радовиш и Струмица, на 29 јуни во Битола, на 1 јули во Гостивар и на 5 јули во Скопје.

Во овие градови ќе биде презентирано вооружувањето и опремата, ќе се организираат спортски натпревари, а мобилните медицински тимови на армијата на САД ќе проверуваат крвен притисок и шеќер во кртва кај локалното население. (МИА)

Најнови вести