Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам овие денови се во службена посета на северозападна Англија.
Кејт во таа пригода се дружеше со насобраниот народ, а едно девојче било особено возбудено што конечно во живо ќе ја види вистинската принцеза.
На средбата со Кејт девојчето го донел нејзиниот татко, а по средбата со неа, таа признала дека е потполно разочарана од принцезата.
Војвотката од Кембриџ за оваа посета била облечена во мантил во зелена боја, пантолани и кондури на себе, што потполно го разочарало девојчето.
-Еве погледни, таа е принцезата. Сакаше да ја видиш, обожуваш принцези, и рекол таткото на неговата ќерка кога и се приближила Кејт.
Девојчето веднаш му рекла на својот татко да ја праша принцезата зошто е облечена така и зошто не го носи својот Елза фустан? Кејт преслатко одговарајќи и ги остави присутните воодушевени.
Имено таа му изјавила на девојчето дека тој ден таа оди на фарма за да види овци, а поради таа посета не можела да го облече фустанот кој го носи познатата принцеза од цртаните ликови Елза.
По средбата Кејт шишаше и овци на локалната фарма како дел од нивната закажана посета на ова место.