среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Зоолошката градина доби нов жител (ФОТО)

Зоолошката градина доби нов жител (ФОТО)

– Ни се роди Лаки. Првото бебе елен лопатар годинава. Лаки е малечок дечко кој сака да ја истражува околината и да трча со останатите елени, а кога ќе се измори, може да го видите во оваа поза, вака Зоолошката на својот Фејсбук профил ја соопшти веста за раѓањето на новиот член.

Зоолошката градина постојано се збогатува со нови животни. Едни се раѓаат таму, друг доѓаат од страна. Бројот на животни постојано се зголемува, а тоа придонесува и за зголемување на посетителите, особено сега во летниот период.