четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески до Каевски: Младите ќе ви го нанесат најголемиот пораз, бидејќи роднините на Мира Дизел ги вработувате, а висококвалификуван млад кадар го отфрлате и си заминува од државата

Јаулески до Каевски: Младите ќе ви го нанесат најголемиот пораз, бидејќи роднините на Мира Дизел ги вработувате, а висококвалификуван млад кадар го отфрлате и си заминува од државата

Најголемиот пораз на СДСМ ќе му го нанесат младите истакна претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски во гостувањето во Отвореното студио на Алфа, обраќајќи се до својот соговорник претседателот на СДММ, Дарко Каевски.

Имено тој истакна младите ќе го казнат СДСМ бидејќи, висококвалификуван и образуван кадар се отфрла на конкурсите за вработување во јавната администрација, а на негово место се вработуваат роднини и блиски на високи државни и партиски функционери на СДСМ.

-Сега ќе ви објаснам зошто младите ќе ви го нанесат најголемиот пораз. Младите ќе ви го нанесат најголемиот пораз затоа што висококвалификуваните кадри ги отфрлате од Република Македонија. Последен пример за тоа е последниот конкурс за дипломати во МНР. Впрочем имаше три писма од разочарани кандидати, кои што магистрирале и докторирале во странство на сопствен трошок, како се одбиени од министерството за надворешни работи, додека министерот на истоименото министерство единствено што направи е стипендијата за неговата ќерка од 40 илјади евра. Но нејсе, епидемијата на непотизам е она што ги одвраќа младите од Република Македонија. Впрочем ова се статистики од Фридрих Еберт, осум од десет млади размислуваат да ја напуштат Република Македонија, веќе половина од нив превземаат конкретни чекори да ја напуштат државата. Знаете од што се тие разочарани, од непотизмот, од корупцијата, младите во Република Македонија веруваат дека побрзо со врски отколку со знаење ќе стигнат до работно место, знаете зошто е тоа така? Затоа што висококвалификувани кадри ги отфрлате и заминуваат од државата, за место синот и ќерката на Мира Дизел, на Хари Локвенец, на Мисовски, Кирацовски итн, вели Јаулевски.

Најнови вести