вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Закројување на лозја во Тиквешијата

Закројување на лозја во Тиквешијата

Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопснатво Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозјата во Кавадарци и Неготино.

Претседателот Иванов ќе биде во Кавадарци каде ќе присуствува на закројувањето на лозјата, а премиерот Заев ќе ги посети и Кавадарци и Неготино. Планирано е тој да се оствари средби со земјоделците од овој крај и да се сретне со градоначалниците на Кавадарци и Неготино.

Традиционално, лозарите на денот на Свети Трифун, кој се смета за нивни заштитник, ќе ги закројат лозовите насади.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозјата и овошките. На овој ден лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме.

Најнови вести