четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како до унапредување на превентивната здравствена заштита за жените, мајките и децата од ромската заедницата?

Како до унапредување на превентивната здравствена заштита за жените, мајките и децата од ромската заедницата?

Конференција „Како до унапредување на превентивната здравствена заштита за жените, мајките и децата од ромската заедницата?“ ќе се одржи денеска во Скопје од претставници на ромските заедници од Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-„ЕСЕ“, Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе, НВО КХАМ и Иницијативa за развој и инклузија на заедниците – ИРИЗ.

-Ромите во Македонија се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Новороденечката смртност кај Ромите е за 1,5 пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година. Во истата година речиси 50 отсто од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23 посто кај останатото население, се наведува во соопштението од Здружението „ЕСЕ“.

Оттаму велат дека превентивната здравствена заштита по однос на репродуктивното здравје, како и здравјето на мајките и децата е клучна во овозможувањето здрав почеток на животот и со тоа подобрување на здравјето на целото население. Како клучни детектирани проблеми се посочуваат недоволниот опфат со посети од патронажни сестри, здравствена едукација, систематски прегледи за децата, како и недоволниот опфат со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката и наплаќање на услугите од страна на матичните гинеколози. (МИА)

Најнови вести