среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Не ги понижувајте земјоделците, нивниот труд и мака, промените доаѓаат

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Не ги понижувајте земјоделците, нивниот труд и мака, промените доаѓаат

СДСМ и Зоран Заев предизвикаа вистинска катастрофа во македонското земјоделство. Две години без грам срам ги лажат земјоделците, а на сметка на тоа работат единствено на лично богатење и луксузирање. Пред само две недели претставници на министерството дојдоа во Тиквешијата и ветија дека сите праски ќе се откупат. За понижувањето да биде поголемо донесоа и купец кој за само два дена исчезна. Ова не само што е лажење, ова е директно понижување на трудот и мака на земјоделците од Тиквешијата, изјави Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Зоран Јованчев.

Во денешната изјава Јованчев посочи дека владата на СДСМ и Заев ги излажале земјоделците во предизборниот период кога ветувале зелена нафта, сигурен откуп и цена на земјоделските производи, додавајќи дека има сериозни сознанија дека винариите уште сега ги намалуваат откупните квоти за грозјето.

-Оваа влада нема никаква стратегија и план за да ги реши проблемите на земјоделците. Имаме сериозни сознанија дека винариите уште сега ги намалуваат откупните квоти за грозје за да пред самата берба ги стават лозарите пред свршен чин за да немаат шанса да побараат покачување на цената на грозјето.
Очекуваме и предупредуваме дека најверојатно ќе се изврши покачување на прагот на минималните шеќерни единици на грозје од сортите смедеревка и вранец и со самото тоа лозарите ќе бидат приморани да го дадат грозјето по пониски цени се со цел да не им остане на нивите како што сега остануваат праските, кајсиите, јаболката во Ресен и многу други земјоделски култури, вели Јованчев.

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци предупредуваат до владата на СДСМ да престане да ги понижува и омаловажува земјоделците и нивниот труд и мака, порачувајќи дека многу набрзо во Македонија ќе се случат промени.