недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Василевска: Јавното обвинителство под контрола на Заев трет ден молчи во врска со сомнежите и доказите за 7 милионскиот криминал сторен од страна на Рашковски

Василевска: Јавното обвинителство под контрола на Заев трет ден молчи во врска со сомнежите и доказите за 7 милионскиот криминал сторен од страна на Рашковски

Јавното обвинителство под контрола на Зоран  Заев  трет ден молчи во врска со сомнежите и доказите излезени во јавноста за 7 милионскиот  криминал сторен од страна на Драги Рашковски при набавка на систем за летање, ова денеска во изјава го истакна Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со  воздушниот простор  во вредност од 7 милиони евра,  иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети. Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му  се заканува казна затвор од најмалку 5 години. Јавното обвинителство треба да се ослободи од притисокот на Зоран Заев и да поведе постапка за расчистување на овој случај во кој постојат сериозни индиции дека е оштетен Буџетот на Република Македонија, додава Василевска.

Таа потенцира дека со цел непречено одвивање на истрагата потребно е Јавното обвинителство веднаш и неодложно да побара определување на мерка притвор за Драги Рашковски и другите вмешани со цел непречено одвивање на истрагата.

-Јавното обвинителство треба да побара притвор затоа што постојат сериозни можности Рашковски   од позицијата на Генерален секретар на Владата да влијае врз текот на постапката, сведоците, вештаците, соучесниците и прикривачите. Имајќи во предвид  дека се работи за државен функционер од висок ранг , кој има сериозен број на контакти во земјава и странство  можно е и бегство на истиот. Дополнително Јавното обвинителство треба да побара мерка притвор затоа што постојат оправдани сомнежи дека Рашковски може да го продолжи кривичното дело и да стори ново дело, особено ако се земат во предвид обвинувањата на поранешниот директор на Клинички центар Скопје, Ваљон Беља кој тврди дека Рашковски бил вмешан и во местење тендери и земање провизии и од тендери во министерството за здравство. Очигледно е дека случајот  Рашковски добива нови и досега невидени размери. Токму затоа Јавното обвинителство треба веднаш да се позанимава со овој функционер, десна рака на Заев и да ги истражи како овие, така и други случаи во кои е вмешан Рашковски. ВМРО-ДПМНЕ   му ги поднесе денес материјал на Републичкиот Јавен обвинител, и доколку тој не ги има видено од медиумите, може да биде запознаен со случајот  денес. Доколку Јавното обвинителство сепак подлегне под притисокот на Заев и не отвори случаи, истите ќе бидат процесуирани по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, кога ќе има одговорност како за сторителите, така и за прикривачите низ институциите, вели Василевска.

Најнови вести