сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владев: Опасниот КОКСАКИ вирус присутен во градинка во Свети Николе- се криело од јавноста и од здравствените институции

Владев: Опасниот КОКСАКИ вирус присутен во градинка во Свети Николе- се криело од јавноста и од здравствените институции

Опасниот КОКСАКИ вирус е присутен во градинка, тврдат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе и потенцираат дека надлежните власти на чело со градоначалникот, 2 недели не преземале ништо со што би го спречиле истиот, односно случајот го криеле од јавноста и од надлежните здравствени институции.

КУРИР побара став од општината Свети Николе, по ова прашање, но иако ни рекоа дека ќе не контактираат, останавме без одговор.

-Децата се наше најголемо богатство, тие се нашата иднина. Во последните 2 недели во градинката Рахилка Гонева во Свети Николе било забележано присуство на КОКСАКИ вирус- многу опасен вирус кој може да биде кобен по животот и здравјето на нашите најмили, децата, ова на прес-конференција го истакна Дејан Владев претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе и додаде:

„Да им појасниме на нашите сограѓани- овој КОКСАКИ вирус- најчесто се појавува во услови на не хигиена…Ве молам….во градинка во која се згрижени деца од различна возраст. Овој вирус прво се појавил во јаслите кај најмалите за да многу бргу да се прошири и во другите оддели во градинката. Она што фрапира е што иако биле запознаени со присуството на овој вирус…надлежните власти на чело со градоначалникот 2 недели не преземале ништо со што би го спречиле истиот, односно случајот го криеле од јавноста и од надлежните здравствени институции. Со овој КОКСАКИ вирус биле заразени 60 тина деца од различни возраст за кои нивните родители побарале лекарска помош од нивните матични лекари кои покажале професионалност и доблест и ги известиле надлежните здравствени и инспекциски органи за да се преземат неопходните мерки“.

Владев прашува, дали одговорните лица и градоначалникот требало да чекаат 2 недели и реакција од матичните лекари за да конечно на 28 јуни го известат и побараат од надлежното министерство да се спроведат соодветните инспекции?

-Дали требало да се чека да се случи нешто фатално и трагично по детското здравје за да го превземат неопходното? Овде не станува збор за остварување на дневно/политички поени….овде се работи за здравјето на нашите деца Апелираме до сите одговорни лица и градоначалникот малку повеќе време да посветат на она што е приоритет на градинката односно здравјето,среќата и воспитувањето на децата а помалку на вработување на партиски кадри со несоодветно образование и искуство кои не се кадарни да одговорат на оваа должност односно да работат со децата. Децата не се предмет,тие препознаваат,чувствуваат и најискрено-исконски ги изразуваат своите чувства. Вие,сте должни да им ги обезбедите најдобрите услови,најдобрата храна,најдобрите кадри кои ќе се грижат за нивното воспитување и физичко и психичко здравје. Според досега прикажаното Вие не сте СПОСОБНИ ова да им го испорачате на децата. Според досега прикажаното Вие не сте СПОСОБНИ ова да им го испорачате на децата. Проблемите не треба да се кријат….Проблемите треба да се решаваат, рече Владев.

Најнови вести