петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Салиу до Рашковски: Може ли да ни објасните што значи „Leonardo we will win the tender“ и зошто е нормално да се добијат тие 10 до 15%?

Салиу до Рашковски: Може ли да ни објасните што значи „Leonardo we will win the tender“ и зошто е нормално да се добијат тие 10 до 15%?

Драги Рашковски беше немоќен да одговори пред прашањата на новинарот Фуркан Салиу поврзани со неговите зборови од скандалозната снимка за 7 милионскиот тендер на М-НАВ.

Имено Рашковски  се обиде да избегне да одговори на прашањата на Салиу и да објасни што значи „Leonardo we will win the  tender“,   или зошто пак е нормално да се добијат  10 или 15% од зделката и кој треба нив да ги добие.

-Да ни објасните кој ве задолжил затоа што на секоја одлука ве гледам дека вие сте ја донесле и вие сте ја потпишале, нема ниту еден член на владата, иако сте генерален секретар сепак повторувате дека сте задолжен од владата, а со оглед на тоа дека англискиот вие  многу подобар од нашиот да ни објасните што значи „Leonardo we will win the  tender“. Дали тоа значи дека го добил или ќе го добие, тоа вие им го кажувате. Има тука  уште неколку скриншотови од вашето видео 10 до 15% некој треба да добие which is normal вие викате, кој треба да ги добие тие 10 до 15% и зошто е тоа нормално?, праша Салиу

Рашковски кој цело време претходно се обидуваше да манипулира за снимката, прво се обиде да го избегне одговорот за подоцна да каже дека ќе ја чека разврската на суд, а немаше ниту соодветни одговори на прашањата за зборовите од снимката каде вика дека „ ќе напишеме дека точката од 68ма седница нема да важи“  и „ од 63та седница за ретендерирање ќе пишеме дека не постои“  при што беше запрашан зошто не дава оставка за да не влијае на судот.

-Како вие знаете што ќе одлучи владата ако немате право на глас и ако сте толку моќен да ги знаете сите одлуки на владата нели треба да си поднесете оставка за да не влијаете на судскиот процес, затоа што документите се веќе поставени од  опозицијата во обвинителство? , запраша Салиу

На ова Рашковски наместо да се обиде да и објасни на јавноста за неговите зборови на снимката и зошто не дава оставка,  тој се нафрли со напади кон опозицијата, со што практично потврди дека останува на функцијата за да може да има влијание врз судските одлуки.

Додека пак на крајот Рашковски повторно даде бесмислен одговори и бесрамно се обиде своите зборови од снимката за Ромите да ги префрли на новинарите.

Најнови вести