Адвокатот Јанаки Митровски, по заканите за тужби од страна на Драги Рашковски, порачува:
-Нека ве тужи Рашковски за клевети и навреди до миле воље и назад. Праксата на ЕСЧП ве штити. Постојат десетици пресуди од Стразбур кои потенцираат дека не само што носителите на јавни функции мораат да бидат подложни на критичка опсервација, туку и дека нивниот праг на толеранција мора да биде многу повисок. (Макрадули против Македонија на пример најтазе). Ушите ќе ви јаде ич да не му се плашите, пишува тој.