Големото финале на „Задруга 2“ е закажано за во сабота на 6 јули, додека кастинзите и преговорите за „Задруга 3“ веќе траат.
Неколку луѓе веќе потпишаа договор со продукцијата, а како што пишуваат српските медиуми еден од нив е и братот на пејачката Дара Бубамара со кого пејачката е во лоши односи.
-Владимир Аџиќ кој живее во Нови Сад и кој е брат на популарната фолкерка веднаш ја прифати веста да влезе во реалното шоу бидејќи сака да ги открие сите валкани работи на пејачката. Тие веќе со години не зборуваат и не се во добри односи, а Владо тврди да ги знае нејзините најлоши тајни и да е подготвен да ги раскаже во јавноста, вели изворот за „Ало“.
Инаку пејачката никогаш јавно не говорела за нејзиниот брат и речиси ниту еден коментар не постои во медиумите поврзан со нив двајцата.