сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пробиштипјани: Депонијата Озрен не` труе 6 месеци, а Макрадули ја игнорираше и си тераше партиска агенда (ФОТО)

Пробиштипјани: Депонијата Озрен не` труе 6 месеци, а Макрадули ја игнорираше и си тераше партиска агенда (ФОТО)

Од крајот на јануари 2019 година до денес депонијата „Озрен“ постојано не` труе , реагираат граѓаните на Пробиштип.

-СДСМ во програмата ветуваа дека ќе ни го решат овој проблем, но нема ништо од тоа.  Да биде иронијата уште поголема заменик министерот за животна средина Јани Макрадули вчера на 05.07.2019 година беше во посета на партискиот штаб на СДСМ во Пробиштип и си тераше партиски агенди, потоа со партиските членови глумеа театар низ градот, а потоа и низ локалите, но заменик миниситерот за екологија во ниеден момент не се заинтересира ЗА ТОА ШТО ВО МОМЕНТОТ ДОДЕКА ТОЈ ТЕРАШЕ ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА И АГЕНДА, ДЕПОНИЈАТА ГОРЕШЕ И ГИ ТРУЕШЕ ПРОБИШТИПЈАНИ. ВО ИСТИОТ ТОЈ МОМЕНТ, вели жителка на Пробиштип која испрати фотографија до КУРИР од депонијата која, како што вели 6 месеци константно ги труе.

Макрадули, кој вчера бил во посета на Пробиштип порача дека СДСМ е со граѓаните, на терен и оти се тука да слушаат и да делуваат. Граѓаните пак велат дека тој си поминал покрај депонијата како ништо да не се случува.

За овој проблем реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип.

-И додека во моментот некаде низ градот се одржуваат партиски маалски средби на кои се зборува “колку многу е направено за градот”, депонијата “Озрен” повторно ги труе пробиштипјани. Дали се трудат да го покријат срамот од катастрофалното работење, па по кој знае кој пат ќе ги лажат граѓаните дека во иднина ќе ги реализираат ветените проекти! Г-дине Анастасов, кога ќе ви заврши партиската агенда како Претседател на СДСМ ОО Пробиштип, сетете се дека сте (или барем треба да бидете) Градоначалник на сите жители на Пробиштип и да работите во интерес на граѓаните, а не за свои лични и партиски цели, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип.

Најнови вести