НЛБ Банка се огласи преку соопштение за грабежот на нивна експозитура во Сарај кој се случи утрово.
-Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, велат од НЛБ и додаваат:
„Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена. Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства“.