Ѕвездата од финалето на Лигата на Шампионите оваа година Кенси Волански сите ја паметат откако се прошета полугола на теренот, а на истиот потег беше подготвена и во финалето на Копа Америка.
Волански заедно со своето момче Виталиј отпатуваа за Рио со една единствена желба да влетаат полуголи во финалето на Копа Америка, но сепак оваа идеја за жал им остана нереализирана поради големото обезбедување и засилените контроли.
По откривањето на двајцата од страна на полицијата иако биле маскирани, тие биле фатени и уапсени, по што биде притворени.
-Изгубивме од Копа Америка. Имавме луда авантура, отпатувавме во Бразил и се облековме како навивачи и дојдовме на нашите седишта на стадионот, но се заврши кобно така што Виталиј е уапсен од 20 полицајци. Сега излеговме од затвор и уживаме во Рио, напиша Кенси на својот Инстаграм профил.