Младо момче од Русија кое своето време го губело тренирајќи напорно за да изгледа како Попај се соочува со пекол откако ги добил посакуваните мускули.
Кирил Терешин (22) кој го добил прекарот Попај во моментов бара спас преку донации како би ги спасил бицепсите кој во моментов се толку големи што му се заканува ампутација на раката.
Објаснувајќи како му станале толку големи мускулите тој откри дека примил и инјекции кои сакал да ги искористи и за другите делови од телото.
View this post on Instagram
? я все знаю что скоро финал будет и я не могу не показать это не получив кайф
-Идев во теретана две години пред да ме побараат за во војска. Се плашев дека таму можам да ја изгубам целата сила, па се обидов да примам инјекции, а кога ја завршив војската почнав да се трансформирам, вели тој.
По јавувањето на одредени сериозни проблеми тој се откажал од боцкањето и решил да го бара спасот во лекувањето.
View this post on Instagram
-Моите раце сега се во лоша состојба, а јас основав фонд како би собрал пари за лекување во Европа кое чини 42 илјади евра. Сакам тоа да го направам во Англија, но најважно е третманот да биде успешен, вели тој.