вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Деца пукаат, родители одговараат: Уапсен е таткото на момчето кое тешко повреди наставник во Лукавац

Деца пукаат, родители одговараат: Уапсен е таткото на момчето кое тешко повреди наставник во Лукавац

Таткото на момчето, кое утрово тешко повреди наставник во основното училиште во Лукавац, денеска е уапсен, објави порталот „Аваз“.

Според информациите, тој бил на распит во полициската станица Лукавац каде ги објаснил сите околности поврзани со овој настан и ќе биде предаден на обвинителството.

Таткото на момчето е осомничен за кривично дело запуштање или злоупотреба на дете или малолетно лице, како и за кривичното дело од член 72 од Законот за оружје и муниција кое се однесува на неовластено набавување, држење и продавање оружје.