Повеќе од десет години во континуитет се работи на заштита на критично загрозениот балкански рис.
Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во југозападен Балкан.
Со помош на фотозамките во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис, погледнете како шета низ Националниот парк Маврово.