Не знам зошто Ел Чека објавува разговори само за Али Ахмети, дајте ми телефон ќе му се јавам и ќе го прашам, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање.
Ел Чека на својот Фејсбук профил му одговори на премиерот Заев порачувајќи му дека пропаднал планот за рекетирање и уценување.
-Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување!
Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден и ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога ќе дојдовте на свет!, напиша Ел Чека на Фејсбук.