СДСМ е во алертна фаза во која е неопходно што поскоро да биде вратен назад во рацете на чесното членство, порачува Софија Куновска, поранешен функционер од редовите на СДСМ.
-Угледот и образот на секој чесен член секојдневно незаслужено се валка заради алчноста, недораснатоста и неодговорноста на двоецот Заев-Шекеринска. СДСМ како силен, способен и одговорен субјект и е потребен на Македонија, коментира таа.