Судската фарса продолжува со скандалозна одлука на судијата Добрила Кацарска, која реши да го ограничи правото на одбраната за увид во записниците од последното рочиште, иако тоа според нивните зборови е неопходно за соодветен настап на расправата закажана за денеска.
Материјалот од минатото рочисте е прилично обемен со оглед на фактот што одбраната долго ги аргументираше сите пропусти на СЈО, но судијата Кацарска процени дека половина час пауза се доволно за анализа на 17 страници писмен материјал и видео материјал од неколку часа.
Адвокатот на одбраната Димитар Дангов, го замоли судот, по член 372 да определи краток прекин на рочиштето за да се изврши увид во записник во функција на подготовка на натамошна одбрана.
СЈО се спротистави на предлогот, а главниот аргумент го изложи Ленче Ристоска. Суштината на нејзината расправа и одбивање е народната поговорка “На човек можеш да му земеш, а не и да му дадеш”.
Кацарска сепак реши да го игнорира и исказот на Гордана Јанкулоска која посочи дека иако била во судот, записникот не и бил доставен ниту утринава.