четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шамбевски: Не е доволно каењето зошто заради таквите како вас Македонија го живее најсрамниот период, потребно е ова зло да се порази!

Шамбевски: Не е доволно каењето зошто заради таквите како вас Македонија го живее најсрамниот период, потребно е ова зло да се порази!

Поранешниот амбасадор и пратеник Оливер Шамбевски се огласи на својот Фејсбук профил и вели дека Македонија го живее најсрамниот и најдеструктивниот период во својата историја.

-Вечерва додека го шетав Роки, разговарав со едни пријатели уште од детство, сами ми пријдоа, зошто од шарената им наваму јас само куртуазно ги поздравувам… ми пријдоа да ми кажат колку се разочарани и колку се каат, како биле изманипулирани бидејќи се што направиле во животот било благодарение на политиките и разбирањето на ВМРО, а тие придонеле да се роди овој монструм… и ок, оние што ме познаваат знаат дека не сум ни сеирџија, ниту се ситам, ниту обвинувам некого за мислење… ама не издржав и им реков… се плашам дека не е доволно тоа што сте разочарани и што ви е криво иако тоа е добар почеток. Не е доволно каењето зошто заради таквите како вас Македонија го живее најсрамниот и најдеструктивниот период во својата историја… а да не зборувам пак за оние што се сметаат интелектуална елита. Затоа заедно со вас е потребно ова зло да се порази и Македонија да стане повторно нормална држава…, пишува Шамбевски.

Најнови вести