понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Затуровска: Директорот на „Македонска радиодифузија“ треба да биде со високо образование од областа на електротехничките науки

Затуровска: Директорот на „Македонска радиодифузија“ треба да биде со високо образование од областа на електротехничките науки

Лилјана Затуровска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека основната причина за предлагање измени и дополнувања во Законот за радиодофузна дејност се во делот на допрецизирање на одредбата со која се уредуваат условите за директор.

-Со овие измени прецизираме дека директорот кој треба да раководи со ова институција треба да има завршено високо образование од областа на електротехничките науки заради специфичната дејност којашто ја обавува оваа институција, истакна Затуровска.

Таа потенцираше дека за спроведување на предложеното дополнување во законот не се потребни дополнителни финансиски средства и не повлекува други материјални обврски за други субјекти.

Затуровска посочи дека имајки го во предвид дека се исполнети условите од членот 170 линија 1 од деловникот на Собранието на Република Македонија, односно дека не се работи за донесување на сложен и обемен закон , предлог закон за дополнување на законот на основање на јавно претпријатие “Македонска радиодифузија“ треба да се донесе по скратена постапка.

Најнови вести