понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стевананџија до СДСМ: Недозволиво во завршната сметка во рамките на стапката за инвестиции за високо образование да стои реализација нула

Стевананџија до СДСМ: Недозволиво во завршната сметка  во рамките на стапката за инвестиции за високо образование да стои реализација нула

Денес на седницата во Собрание на Република Македонија пратеникот Димитар Стевананџија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ посочи дека СДСМ нема ништо реализирано откако дојде на власт.

„Јас да ви кажам дека завршната сметка е збир на една ескадрила од камикази, во секое министерство имате камиказа, зошто? Затоа што недозволиво во завршната сметка во рамките на стапката за инвестиции за високо образование да стои реализација нула, реконструкција на училишта 5%. Ако за вас тоа е добар авион верувајте дека тоа за нас е камиказа“, појасни Стевананџија.

Стевананџија додаде дека иако пратениците на власта велат дека проектите се реализираат со битки, а не со план, ова автоматски кажува дека пензионерите благодарејќи на СДСМ ги изгубиле сите битки.

„Реализицијата на Општина Прилеп е само 12%. Единствена општина во Република Македонија која што направи кривична со неподнесување на квартален извештај за реализација на буџетот е општина Прилеп. Замислете прв пат после 30 години немаме поднесено извештај, а знаете зошто? Затоа што нула отсто е реализирано“, истакна Стевананџија.

Најнови вести