четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: Со измените на Законот за јавно-приватно партнерство се ставаат во нерамномерна положба сите кои сакаат да конкурираат за јавно-приватно пaртнерство

Илиоски: Со измените на Законот за јавно-приватно партнерство се ставаат во нерамномерна положба сите кои сакаат да конкурираат за јавно-приватно пaртнерство

Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија„ на денешната собраниска седница рече дека ова што се случува во Република Македонија е класичен пример на поведување рекет, законски рекет и власта сака да го прошири и во друга област.

Тој во своето обраќање потенцираше дека постои Совет за јавно-приватно партнерство и проблематиката на јавно-приватно партнерство која не е воопшто едноставна.Имено таа зафаќа работи коишто се од интерес на сите граѓани на Република Македонија, зафаќа работи кои се од осетлив карактер.

– Колегата Рушити кажа како со една одлука недобропромислена или пак добропромислена намерно направена е донесена штета на јавниот интерес. Значи тело кое се занимава со таа проблематика не предлага измени на овој закон, Владата не предлага измени на овој закон, иако пред неколку месеци најави дека ќе треба да се пренаменат парите за изградба на карго аеродромот во друго ствари, па се најдоа 5 пратеници кои се најстручни за оваа област да го протнат ова законско решение, посочи Илиоски

Пратеникот Илиоски кажа дека власта се обидува да го протне ова законско решение затоашто документите коишто им беа доставени на пратеници пишувало дека во членот којшто сакаа да го промените постои една алинеа.

-Има суштинска разлика во тоашто е дадено во предлогот за измена на законското решение т.е што е дадено како изгледа членот 41и онашто вие го предлагате.Вие предлагате да приватниот партнер има можност врз основа на извештај да изврши пренамена на средстава и а тој начин ги ставате во нерамномерна положба сите идни концесионери и сите луѓе кои сакаат да конкурираат за некое јавно-приватно пaртнерство, истакна пратеникот.

Тој порача дека сетоова ќе доведе во ситуација цел систем за јавно-приватно партнерство да пропадне.

Најнови вести