Инцидентот во Скопје кој ги преплави социјалните мрежи, вчера бил пријавен во полиција.
-Пријавен е вчера, велат од МВР за КУРИР и повеќе детали најавуваат за половина час.
Инаку, едно видео од немил настан ги преплави социјалните мрежи, каде се гледа како жена е жртва на насилство во Скопје, во близина на поранешниот скопски саем, кај хотелот Континентал.
Коментарите се дека мажот кој ја нападнал оваа жена бил таксист, но овие информации сепак се неофицијални.
На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка.
Погледнете го видеото:
Кај живеете еј луѓе?
2693 vs патничка. pic.twitter.com/qaBvdi3rCh
— Ја Ничарче (@JaNicharce) July 25, 2019