среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Саити: „Рекет“ негативно ќе влијае на рејтингот на судството

Саити: „Рекет“ негативно ќе влијае на рејтингот на судството

Претседателот на Здружението на судии Џемали Саити за новото законско решение за Јавното обвинителство (ЈО) вели дека воопшто не е важно во какви услови е донесен законот, туку што ќе се вгради како одредба.

-Се надевам дека ќе имаме помалку контроверзни одредби, кристално чисти, јасни одредби што ќе ја олеснат работата на судството, вели Саити во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој зборува и за тоа како „Рекет“ ќе се одрази на судството и на СЈО и за ветингот.

-Генерално сметам дека оваа постапка негативно ќе влијае на рејтингот на судството, на довербата, но од друга страна доколку се спроведе на вистински начин, иако во оваа фаза, искрен сум, морам да признам, оваа постапка се води поприлично јавно и поприлично на некој фолклорен начин да кажам, за тоа што се уште немаме ние конкретни акти по однос на предметот. Доколку е така, сметам дека тоа е постапка што треба да се спроведе на таков начин, но последиците по СЈО се познати, значи негативни се. Ќе се обидат веројатно политичките чинители да најдат решение, рамка, како тоа да се ублажи во однос на целата структура на СЈО, но тука се согласувам и со мислењето на професор Гордан Калајџиев, кој истакна дека судбината на СЈО сепак е врзана со првиот човек, затоа што СЈО е јавниот обвинител, сите други се во функција на вршење на таа дејност, вели Саити.

Во интервјуто посочува дека ветингот треба да биде процес на самоевалуација на судиите.

Најнови вести