ЈП Паркинзи на општина Центар и општината во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во изминатите седум дена санкционираа 289 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 22.07. до 28.07.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 135 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 154 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, порачуваат тие.