недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриев: Институциите поврзани со одбрана и безбедност треба да се запознаени со кои фирми соработуваат

Димитриев: Институциите поврзани со одбрана и безбедност треба да се запознаени со кои фирми соработуваат

При денешното заседавање на седница на собраниска Комисија за европски прашања свое излагање имаше Емил Димитриев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ при што појасни за еден од поднесените амандмани каде што предлага Владата на Република Македонија да утврдува индикативен список на договорни органи на ставот 2.8 од законот за јавни набавки во областа на одбрана и безбедноста, тоа е интенцијата на поднесениот амандман.

Секојпат во принцип министерството за одбрана или министерство за внатрешни работи кога договора одредена соработка со било кој од договорни органи претходно тие договорни органи подлежат на одредени проверки од аспект на нивниот квалитет, од аспект на нивната спремност за употреба на класифицирани информации и итн. Мислам дека е добро да не може било кој да може да соработува по овој закон со институции од областа на одбраната и безбедноста. И во минатото било така да секојпат се водело сметка кои се тие договорни органи со кои се соработува, додаде Димитриев.

Истиот амандман се изгласа на Комисијата за да продолжи понатаму дискусијата и претресот.

Во врска со другиот поднесе амандман пратеникот Димитриев посочи дека членот 4 уредува се што се применува со овој закон и се наведува во ставот 2, дека се применува за набавка на стоки, меѓутоа не се знае од кои причини е испуштено да се додаде и работа и услуги, што е стандардна формулација за законот за јавна набавка.

Сметаме дека ако се усвои амандманот нема да има простор за заобиколување на одредена процедура или постапка кога ќе се работи за услуги. Сметаме дека по зборот стоки треба да се додаде и работи и услуги, посочи Димитриев.

Овој амандман од страна на претставникот на владата, заменик министер за финансии Ширет Елези не го прифати.

Најнови вести