четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Скопскиот суд ја отфрли жалбата, Томор Морина од УЧК останува во затвор

Скопскиот суд ја отфрли жалбата, Томор Морина од УЧК останува во затвор

Кривичниот суд во Скопје ја отфрли жалбата на адвокатот Насер Рауфи, со која се бараше ослободување на поранешниот припадник на УЧК Томор Морина, кој беше уапсен пред 5 дена на граничниот премин Блаце, пишува Лајм.

Судот му одреди на Морина 30 дена притвор врз основа на налог издаден од српскиот Интерпол. Адвокатот Рауфи за весникот Лајм изјави дека одлуката на судот е паушална и неоснована, исто како што е налогот кој го издал српскиот Интерпол.

Сепак, судот не ја зел предвид неговата жалба по што истата ја отфрли.

Весникот Лајм дознава дека жалбата била одбиена во рок од 30 минути, нешто што во одбраната остава простор за сомневање дека воопшто не е разгледано, но одговорот е априориран.

Одлуката е донесена според член 165, став 1 од Законот за кривична постапка. Според оваа одлука, Морина бил испратен во истражниот затвор во Шутка (Скопје).

Исто така, се вели дека за прашањето за екстрадиција ќе одлучи Министерството за правда.

Најнови вести