Оваа фотографија, која се појави на интернет, ги подели луѓето на оние кои гледаат бои и оние кои ја гледаат вистината.
На фотографијата се наоѓаат неколку тинејџери кои се фотографирани со желка која се наоѓа во рацете на една девојка.
Иако на прв поглед делува како оваа фотографија да е во боја, таа е всушност црно-бела, а причината поради која ја гледаме онака како што не е, е мрежата преку фотографијата односно квадратчињата со различни бои поради кои нѝ се чини дека тинејџерите носат сини, црвени, зелени и жолти блузички.