петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо „подобар“ живот власта донесе „крпен“ за вработените во АД Водостопанство

Наместо „подобар“ живот власта донесе „крпен“ за вработените во АД Водостопанство

Три месеци, вработените во АД Водостопанство не земаат плата, токму во време кога нивниот министер за земјоделство се луксузираше и организираше скапи коктели. Вработените немаат пари за основните потреби што ги налага секојдневниот живот, а нивниот министер пиеше скапи вина во луксузни хотели.

Околу 500 семејства три месеци немаа здравствено осигурување, немаа пари за медицинска помош. Некои имаат и кредити и доцнат со исплата на рати. А, што е најстрашно, имаат и мали деца кои чекаа храна од своите родители. Ова ли е долго ветуваниот „подобар живот“ на СДСМ? Ваков живот е далеку од подобар, ваков живот со еден збор се опишува како крпен. Кога од ден на ден преживуваш и чекаш плата која на чесен начин ја имаш заработено.

Врв на се беше кога се обелодени документ каде што менаџерскиот тим на АД Водостопанство и министерот Димковски прават притисоци и закани врз вработените кои си ги бараат заостанатите плати. Документ кој сите вработени требаше да го потпишат за да добијат плата за месец мај најдоцна до 26.07.2019.

Освен проблемот со плати, претпријатието се соочува со недостиг на средства за работа. Односно немаат резервни делови, нафта кои се неопходни за непречено функционирање.

Сето ова е доказ дека владата е глува и нема кога се работи за животот на македонските граѓани.

Најнови вести