вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Катастрофални нечовечки услови во затворот во Шутка- директорот молчи, затворениците бараат похуман третман (ФОТО)

Катастрофални нечовечки услови во затворот во Шутка- директорот молчи, затворениците бараат похуман третман (ФОТО)

Катастрофални и нехумани се условите во кои се сместени затворениците во затворот „Шутка “.

Според фотографиите до кои дојде нашата редакција јасно се гледа дека во затворот условите се повеќе од мизерни.

Мувлосани ѕидови, влага, распаднат малтер кој се рони насекаде се само дел од условите во кои се сместени затворениците во Блокот „Ц“ во затворот.

Новиот директор иако веќе неколку месеци е назначен за нов директор досега нема мрднато со прст за поправување на увлосите во затворот.

Новиот директор Сеад Рахиќ иако веќе неколку месеци е назначен на оваа функција досега нема мрднато со прст за поправување на условите во затворот.

Тој е познат во јавноста како поранешниот пратеник од СДСМ кој бараше оставка од Зоран Заев на Конгресот во 2014 година, бројните контроверзни изјави како и заканите на новинарите, додека пак неговиот брат Сеад – Сетко Рахиќ има криминално минато  односно пред само две години беше осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група која продавала кокаин во Скопје и  други градови низ Македонија. При претресот покрај дрогата беше пронајден и широк арсенал на оружје.  Сеад Рахиќ го нападна и поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, каде што се уште случајот не добил правна разрешница.

Најнови вести