петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Обвинителството мора детално да провери и да ѝ објасни на јавноста за целите на соработка Ременски-Боки 13 

Стоилковски: Обвинителството мора детално да провери и да ѝ објасни на јавноста за целите на соработка Ременски-Боки 13 

Обвинителството на Русковска молчи и не кажува дали истрагата за рекетарско – политичко – обвинителскиот октопод го проширила и на таканаречената невладина организација на Бојан Јовановски, Боки 13 наречена „Меѓународен Сојуз“. Тоа ги потврдува сомневањата дека обвинителството тенденциозно ја ограничува истрагата на два лика од плејадата ликови во рекетарските приказни во јавноста, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактот што оваа организација не е опфатена со истрагата остава можност дека со тоа се заштитуваат функционери на СДСМ кои што се дел од мрежата активности на Боки 13, рече тој.

Стоилковски покажа и видео кое вели дека ги покажува тесните врски меѓу осомничениот Боки 13 и висок партиски функционер на СДСМ.

-Е па, дали е проверена улогата на Фросина Ременски која е ни помалку, ни повеќе туку е почесен претседател на организацијата на Боки 13? Што се подразбира од изјавата на Ременски кога кажува дека имала соработка лично со Бојан Јовановски, Боки 13? Во која насока ја користела функцијата за какво лобирање и за какво влијание, како што вели? Обвинителството мора детално да провери и да и објасни на јавноста за целите на соработка Ременски –  Боки 13. Дали Фросина Ременски имала на било каков начин врска со сомнителната исплата на битолски бизнисмен за која говореа и медиумите во износ од 750 илјади евра, со која наводно се откупувала идеја за изградба на станови? Сумата е скандалозна и сомнителна сама по себе, чиниш се работи за идејно решение за градење на станови на Марс, а не во Македонија, вели тој.

Стоилковски порачува дека ако навистина обвинителството на Русковска сака да го расчисти овој рекетарски октопод тогаш треба да ја прошири истрагата и во правец на организацијата на Боки 13.

-Дополнително обвинителството на Русковска треба да одговори зошто ако на било кој начин е вмешана Катица Јанева во оваа шема на Боки 13, таа се уште не е приведена и и се остава простор, и се дозволува да влијае врз сведоци или форензички да брише докази? Обвинителството треба да одговори зошто освен Боки 13 и Кичеец нема ништо за другите ликови Кики, Фрики, Раки, Шеки и слични кои што се дел од октоподот? Граѓаните не се наивни и знаат дека ако Боки 13 немал поддршка и од власта на Заев тој не би се осудил да изнудува, рекетира и да се заканува. Одговори и одговорност мора да има, ако не од Русковска обвинителството, тогаш од некое друго политички неконтаминирано обвинителство, истакнува Стоилковски.

Најнови вести