петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

И косовскиот амбасадор Дедај со повик да се ослободи припадникот на УЧК Морина

И косовскиот амбасадор Дедај со повик да се ослободи припадникот на УЧК Морина

Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај преку статус на својот профил на Фејсбук, посочи дека го прекинал летниот одмор за да се вклучи во ослободување на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина кој беше уапсен од македонските власти врз основа на српска потерница.

Да се ослободи Томор Морина!

Амбасадата на Косово во Скопје, е ангажирана во ослободување на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, уапсен од властите на Северна Македонија, по налог за апсење на Србија.

Иако сум на редовен годишен одмор, решив да го прекинам одморот за да се сретнам со надлежните од официјално Скопје, за да се ослободи Томор Морина, неправедно уапсен, врз основа на српска потерница!

Дипломатите и колегите од Амбасадата на Косово во Скопје ги вложија сите напори и се посветија да го ослободат г-дин Морина што е можно поскоро и да се вратат во Косово!, стои на фејсбук статусот на косовскиот амбасадор Дедај.

Најнови вести