недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Протест за Томор Морина во Ѓаковица, градоначалникот Ѓини: Сакаме да се ослободи што е можно поскоро

Протест за Томор Морина во Ѓаковица, градоначалникот Ѓини: Сакаме да се ослободи што е можно поскоро

Денес во Ѓаковица беше организиран мирен протест за ослободување на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина.

На протестот кој беше организиран од ОВВ на УЧК, огранокот на Ѓаковица, учествуваа семејства на маченици и многу граѓани, пренесува Клан Косово.

На протестот се приклучи и градоначалникот на Ѓаковица, Ардиан Ѓини, барајќи итно ослободување на Томор.

-Секој од нас денес има гнев и тоа со полно право. Бесмислено е дека сè уште дваесет години по војната, оние што направиле злосторства, бараат да нè казнат. Го сакаме Томор што е можно побрзо меѓу нас, во неговото семејство и меѓу неговите пријатели, рече градоначалникот на Ѓини.

Ѓини исто така рече дека актуелниот премиер Рамуш Харадинај имал разговори со државните власти на Македонија и дека многу скоро се ќе се материјализира.

Извор:КланКосова

Најнови вести