Жители на Ново Село во општината Ѓорче Петров јавуваат дека вчера во доцните попладневни часови некој ја запалил дивата депонија околу пречистителната станица во Ново Село по што огромен облак чад се крена и во текот на целата ноќ го загадуваше воздухот се до Карпош.
Ѓорче Петров, Влае, Бардовци, Карпош смрдеше на изгорена пластика и утрово. Депонијата и претходно создаваше вакви проблеми и до сега не се најде решение на оваа црна еколошка точка во градот, пренесува Скопје инфо.
Најавениот локален дожд се гледа како спас од понатамошно горење и испуштање отровен чад.