Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, користи годишен одмор, потврдуваат од СЈО откако пред два дена Канал 5 објави вест со фотографија дека таа е на летување на Халкидики, во Ханиоти, објави „Плусинфо“.
Од СЈО не можат да потврдат дека таа е на плажа во Грција, бидејќи обвинителката не кажала каде и како ќе го користи одморот.
Јанева е во центарот на вниманието периодов поради објавата на аферата „Рекет“.
Во неа осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, дека земале пари од бизнисмен кој е под истрага на СЈО за да го „олеснат“ неговиот третман во случајот кој го водат специјалните обвинители.
Јанева засега не е осомничена, но од неа беа одземени два мобилни телефони кои се вештачеа за да се провери нејзината комуникација со Боки 13.