недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мандатот на СЈО е сврзан со мандатот на Јанева

Мандатот на СЈО е сврзан со мандатот на Јанева

Мандатот на Специјалното јавно обвинителство е сврзан со мандатот на Катица Јанева, законот е дециден по ова прашање- односно, си оди Јанева, си оди и СЈО…

Ова го појасни и адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој вели дека доколку нема специјален јавен обвинител, ни обвинителите во тоа обвинителство не може да си ја вршат својата работа.

-Законот вели дека со обвинителството раководи специјалниот јавен обвинител, а обвинителите кои се во Специјалното јавно обвинителство само постапуваат по нејзини овластување и во нејзино име. Ако немаме специјален јавен обвинител, немаме ни овластување на обвинителите во Специјалното јавно обвинителство, тие не може да носат наредби, стои дословно во Законот, не може да подигаат обвиненија и може да постапуваат само со веќе подигнати обвиненија за дејствија за кои се ополномоштени, односно им е овозможено и пренесено овластувањето од специјалниот јавен обвинител. Ако немаме специјален јавен обвинител, ни обвинителите во СЈО не може да си ја вршат својата работа, изјави Давидовиќ во своето гостување на „ТВ24“.

Според Давидовиќ, тапкањето во место на истрагата за Јанева ги поткопува темелите на државата и правниот систем.

-Ние сме сега во еден голем проблем и правно, но почнува да биде и политички проблем, особено ако ги имаме предвид и шпекулациите кои се околу специјалниот јавен обвинител, истрагата која тапка во место со денови, веќе недели и каде што немаме разрешување на таквите сомневања што ги поткопува, не само правниот систем, туку и темелите на државата.

Да се работеше за некој друг, а не за Јанева, досега ќе беше во притвор

Според адвокатот, случајот „Рекет“ и сомневањата дека Катица Јанева е вмешана во незаконити дејствија создава многу лоша слика, многу лоша ситуација во државата и за овие случувања не помага ниту обвинителството кое го води предметот, бидејќи како што вели тој се, се одвива многу споро, истрагата се „каска“.

Тој во својата изјава објаснува дека се многу штури и информациите во јавноста кои, како што вели Давидовиќ, служат за шпекулирање и разни приказни.

Адвокатот истакнува дека да беше друг човек во прашање ќе имало мерка притвор за вакво однесување.

Но, во овој случај како што потенцира Давидовиќ, нема ниту аргумент со кој јавниот обвинител би ја смирил јавноста, за да знаат луѓето на што се и што се случува.

Најнови вести