сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: „Дајте музика“ се враќа на малите екрани, по 30 години повторно се снима детската серија

ВИДЕО: „Дајте музика“ се враќа на малите екрани, по 30 години повторно се снима детската серија

По речиси 30 години пауза, популарната музичка серија за деца „Дајте музика“, повторно ќе започне да се снима.

Серијата со која пораснаа голем број генерации, а се прикажуваше на Македонската телевизија, беше во режија на Лазар Паковски и Миле Гроздановски и најавна шпица со Ристо Самарџиев.

Повторното снимање започнува од страна на актерската школа на Весна Петрушевска под стајлинг водство на Цаци Паковска.