четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо да преземе одговорност и да ги ослодоби институциите и економијата, продолжува да ја замајува јавноста со некакви економски остварувања

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо да преземе одговорност и да ги ослодоби институциите и економијата, продолжува да ја замајува јавноста со некакви економски остварувања

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи потенцира дека аферата Рекет придонела за целосното разнишување на довербата во институциите и сигурноста на приватниот сектор.

-Целосно разнишување на довербата во институциите и сигурноста на приватниот сектор!

Аферата “Рекет” каде се рекетирани голем број на бизнисмени во милионски износи, селективното и партизирано судство, криминалните и коруптивните практики на луѓето од врвот на власта тотално ја наруши довербата во институциите и сугурноста на приватниот сектор како главен предуслов за инвестиции и раст на економијата.
Со ваква деловна клима ниту една домашна или странска компанија нема гаранција дека може слободно и во нормални пазарни услови да работи, да инвестира и да создава додадена вредност во економијата.
Заев наместо да преземе одговорност и да ги ослодоби институциите и економијата, продолжува да ја замајува јавноста со некакви економски остварувања кои постојат само во неговиот виртуелен свет.

#МакедонскатаЕкономија е на сосема #погрешен пат и секој ден се повеќе #тоне!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести