недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Рекет“ прв ваков случај во кој се вмешани политичари со куфер со пари, законите мора да функционираат

„Рекет“ прв ваков случај во кој се вмешани политичари со куфер со пари, законите мора да функционираат

Јавноста трет ден се прашува дали во Македонија навистина има правда откако беа  фрапирани од вмешаноста на Катица Јанева и Зоран Заев во случајот Рекет преку кој Боки 13 изнудил еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев.

Ова е прв ваков случај во кој се вмешани политичари со куфер со пари, а законите мора да функционираат порачуваат граѓаните преку социјалните мрежи.

Се погласни овие денови се и новинарите, пратениците, градоначалниците и останатите поддржувачи на СДСМ кои се разочарани од вмешаноста на СЈО во рекетирањето кое наместо правдата да ја донесе во Македонија носи милионски суми во куферчиња.

Правда преку социјалните мрежи побара и самиот Заев кој Боки 13 го споменува во последната видео снимка.

„Уште еднаш, ги повикувам сите истражни органи во целост, ама во целост да го истражат случајот и да носат одлуки. Институциите на извршната власт им стојат на располагање со цел свој капацитет на истражните и правосудните органи“, вели Заев во својот статус на Фејсбук.

Исто така Катица Јанева ги повика истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и, како што посочува, обелување на нејзиното име.

Најнови вести