недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија довербата и овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со главата на октоподот Заев“

„Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија довербата и овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со главата на октоподот Заев“

Работата на Катица Јанева и СЈО не е само обична шминка и покажување на некаква активност, како што си се објаснуваат по телефон. Нивната работа е многу сериозна бидејќи земаа по 4 милиони евра годишно пари на граѓаните, а гледаме дека ги користеле да изнудуваат уште пари и политички да влијаат врз неистомислениците на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Катица Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија довербата и овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со главата на октоподот Зоран Заев. Гледаме дека СЈО имало за цел да креира политички случаи врз основа кои потоа ќе врши изнуда притисок и рекет во корист на аболицираниот Зоран Заев, но можеби и лична корист затоа што се уште не знаеме каде се завршиле милионите кои Боки Тредичи ги земаше од бизнисмените. Јавноста се увери дека Катица Јанева учествувала во целата оваа конструкција и заедно со Боки Тредичи им давале гаранција на обвинетите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Сега е јасно зошто во СЈО бришеа форензички компјутери и се скриваа телефони за кои прво викаа дека се изгубени, а потоа испадна дека биле криени додека во меѓувреме се бришеле податоци. Јасна е и улогата на Русковска обвинителството кое прави се за да ги заштити Заев и Јанева и токму затоа среде истрага замина на одмор како би тие имале можност уништуваат докази но да влијаат на сведоци за да не се утврди нивната вина. Институциите мора да се одважат и целосно да го истражат овој огромен скандал во кој очигледна е вмешаноста на Катица Јанева, Зоран Заев но и многу други функционери од СДСМ.  Случајот не смее да се забошоти и да остане само на двајцата обвинети Боки Тредичи и Зоран Милески Кичеец кои се само пипци на октоподот кој го создаде Заев“.

Овој скандал, потенцираат, е само уште еден доказ дека Заев и СДСМ ја уништија правната држава, го нарушија угледот на Република Македонија надвор и сериозно ги загрозија македонските евроинтеграции.

-Се ближи денот кога СДСМ ќе си замине и ќе профункционира правната држава, а тогаш сите инволвирани од картелот и октоподот заедно со главата Зоран Заев ќе одговараат за сите криминали кои ги прават изминативе три години.

Најнови вести