Дали Поцков вршел притисок неговата сопруга да ги зема тендерите во Општина Гевгелија?, ова го прашува порталот Сигнал и Имфомакс.
Сопругата на градоначалникот на Гевгелија, Бети Поцкова, вработена во АД „Осигурителна полиса” – Скопје, експозитура Гевгелија, добивала тендери во јавните институции по доаѓањето на СДСМ на власт.
Бети Поцкова ги добила следниве тендери:
Општина Гевгелија
Договор за осигурување на недвижен и движен имот (моторни возила и опрема) во сопственост на општина Гевгелија и колективно осигурување на вработените
бр.03-380/1 од 01.03.2018 вредност 134 701 денари
ЈПКД Комуналец Гевгелија Договор за Осигурување на имот, градежни објекти, опрема, компјутерска опрема и осигурување од општа одговорност, професионална одговорност од дејност, осигурување на пари во каса и транспорт и каско осигурување на возила
бр.05-773/12 од 04.06.2018
вредност 69 485 денари
ЈЗУ Општа болница –Гевгелија
Договор за осигурување на имот, опрема, компјутери, залиха, професионална одговорност, автоодговорност и каско
бр.05-787/11 од 18.12.2017
вредност 176 408 денари
ЈЗУ Здравствен дом Гевгелија Договор за осигурување на имот и опрема
бр.05-51/15 од 20.03.2018
вредност 86 023 денари
ЈЗУ Психијатриска болница – Негорци
Договор за осигурување на имот, автоосигурување, каско и осигурување од лекарска грешка
бр.03-231/10 од 05.12.2017
вредност 107 380 денари
Градоначалникот извршил притисок и и доделил тендер на сопругата за Договорот помеѓу Општина Гевгелија и АД Осигурителна полиса Скопје за осигурување на движен и недвижен имот и колективно осигурување на вработени, каде што потпишан е раководителот на секторот за урбанизам Станка Карајанова, наместо градоначалникот Сашо Поцков
Наши извори велат и дека приватните и правни лица во општина Гевгелија, особено транспортните компании биле под огромни притисоци од градоначалникот Сашо Поцков да склучуваат договори со АД “Осигурителна полиса” – Скопје за осигурување
Наместо добро менаџирање на Општина Гевгелија, приоритет на Градоначалникот Сашо Поцков е лично богатење за него и неговите најблиски!
Општината има најслаб реализиран буџет заклучно со третиот квартал од 27,8 %, а нема ниту еден нов капитален проект или инвестиција, освен еден – цената за прочистување на отпадните води со која буквално се пљачкосуваат граѓаните на Општина Гевгелија.
Во немање време за нов проект и зафатен со лично богатење, Градоначалникот Сашо Поцков се слика на проекти започнати во време на ВМРО – ДПМНЕ.