сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Српски медиум: Боки 13 од рекет земал 20 милиони евра, каде замешан е Заев заедно со неговите министри

Српски медиум: Боки 13 од рекет земал 20 милиони евра, каде замешан е Заев заедно со неговите министри

Уапсениот македонски водител Бојан Јовановски, познат како Боки 13, земал 20 милиони евра во кеш со рекетирање на многу бизнисмени и компании, открива српски Курир.

Параван му била хуманитарна фондација кој тој ја основал, а во неговите валкани работи бил вклучен и самиот државен врв на Македонија, со премиерот Зоран Заев на чело и со неколку министри, открива изворот на српски Курир близок до македонските власти.

Премиерот Заев ја вклучил целата влада во своите валкани активности, во соработка со Боки 13 редовно рекетирале влијателни бизнисмени. Боки 13 отворил хуманитарна фондација со помош на врски од владата и од Специјалното обвинителство, а тогаш започнал по ред да ги рекетира. Од еден земал 750 000 евра, од втор 350 000 евра, а од трет 250 000 евра. Со тек на време стигнал до 20 милиони евра во кеш, наведува изворот на Српски Курир.
Се додава дека не секогаш можеле да го оправдаат потеклото на парите, па затоа го префрлале на сметки на стари жени, најчесто инвалиди, кои во замена за услугата добивале мали проценти, наведува изворот за Курир.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кажува дека не само Боки 13, Зоран Милески и специјалната обвинителка Катица Јанева рекетирале бизнисмени туку и други луѓе блиски на Заев:

Ова е најголемиот скандал во изминатите 29 години, од кога постои независна Македонија. Замешана е обвинителката Јанева, цело СЈО, врвот на владата и СДСМ, Зоран Заев и останатите. Нашата партија бара што побрзо да се расчисти овој случај, и сите овие луѓе да поднесат оставка, а потоа и кривично да одговараат. Очигледно е дека Заев стои позади оваа афера и на секој начин ја контролира истрагата и ги штити актерите.
Арсовски објаснува дека основачите на хуманитарната организација се членови на СДСМ и најблиски луѓе на премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев го продолжи за една година советничкиот договор за поранешниот естраден менаџер Зоран Башанович, и на уште тројца соработници од Србија.

На надворешните соработници Владимир Цветкочвич, Зоран Башанович, Лубомир Шубари и Александар Обрадович договорот им е продолжен на една година за истиот износ како и досега, беше речено на прес конференцијата на владата на Македонија
Се спомнува дека Башанович со Заев договорил месечен надомест од 1500 евра, додека Обрадович, Цветкович и Шубар земаат по 1200 евра месечно, пишува српски Курир.

Најнови вести