понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Давидовиќ: Плукање и пцуење не се очекува од еден обвинител

Давидовиќ: Плукање и пцуење не се очекува од еден обвинител

Плукање и пцуење не се очекува од еден обвинител, кој секојдневно треба да се соочува со криминал, пречки и предизвици во своето работење. Ако тој на првата пречка реагира вака, како ли ќе реагира на покрупни работи кои се очекуваат во неговото работење, вели за Пресинг ТВ адвокатот Звонко Давидовиќ.

Давидовиќ вели дека со целокупната афера „Рекет“ и шпекулациите кои кружат во јавноста за вмешаноста на Катица Јанева и дејствијата кои ги презела, угледот на СЈО е нарушен, а довербата разнишана. Тој додава дека СЈО веќе не е орган во кој граѓаните полагаа надеж и веруваа дека може да се справи со крупниот криминал и да ја врати правдата во Македонија и да даде добра основа за заживување на правниот систем

Наместо тоа, граѓаните добија една афера, која ретко се гледа и тешко може да се спореди со било што досега видено. Дигнитетот на СЈО дополнително се нарушува со некултурното однесување на поединци, кои не се обични луѓе, туку се обвинители и беа промовирани како ѕвезди и ангели во неколку филмски и документарни остварувања. Правдањата, вулгарностите и пред се шпекулациите за незаконити дејствија во рамки на СЈО фрлаат голема дамка на целото СЈО и затоа час поскоро треба треба целата афера да добие правна разврска и завршница, потенцира Давидовиќ.

Најнови вести