вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Кисела Вода, Аеродром и Шутка утре ќе останат без струја

Делови од Кисела Вода, Аеродром и Шутка утре ќе останат без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 21.02.2018 година (среда) поради закажани технички зафати во мрежата, без електрична енергија ќе останат потрошувачите од неколку скопски општини.

Струја нема да има во Кисела Вода на улицата „Киро Крстевски“, во периодот од 08:30-10:30 часот.

Во време од 09:00 – 11:00 часот струја нема да има на  ул. „Тодор Чангов“, делот кај ГП Пелагонија кон Вардар, во општина Аеродром.

Во општина Шуто Оризари, утре нема да има струја од 09:00 – 12:30 часот на дел од ул. „Вашингтонска“.