Снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“ Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги поседувало уште пред тие да се појават во јавност.
Снимките ги доставил бизнисменот Орце Камчев, кој е сведок во случајот. Се уште не се знае како тие завршиле во „Ла Верита“, а од обвинителството соопштија дека снимките не излегле од кај нив.
Дали тие ќе се користат како доказ ќе биде познато кога ќе биде покренато обвинение за случајот, пренесува Радио Слободна Европа.