Јавното обвинителство побара 30- дневен притвор за специјалната јавна обвинителска Катица Јанева.
Ова го истакна јавниот обвинител, Љубомир Јовески, на прес-конференцијата за случајот „Рекет“ на која присуствуваа и првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Рускоска пак информираше дека се одзема службениот компјутер на Јанева од СЈО.