петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Се огласи адвокатот на Катица Јанева: Таа е жртва во случајот „Рекет” и тоа ќе го докаже

Се огласи адвокатот на Катица Јанева: Таа е жртва во случајот „Рекет” и тоа ќе го докаже

Стеван Павлески, адвокатот на осомничената Катица Јанева, вечерва изјави дека таа е жртва во случајот „Рекет” и дека тоа ќе го докаже.

-Вчера во обвинителството за гонење на организиран криминал Јанева беше во својство на сведок и одговори на сите прашања. Таа коректно ја исполни својата граѓанска должност како сведок. Вчера не слушнав прашање за некакви 5.000 евра. Сѐ што бараше обвинителката, Јанева одговори. Сите прашања беа за случајот „Рекет“, рече Павлески и додаде дека не очекувал ваква одлука од обвинителството за нејзино приведување.

Обвинителството бара притвор за Јанева.

Во однос на можниот судир на интереси на Павлески како адвокат на еден од обвинетите во случајот на СЈО „Империја“ и на Јанева, адвокатот изјави дека неговиот клиент Цветан Панделевски не е првоосомничен и дека главниот лик е Камчев, а не Панделевски.

-Гледаме една крвожедност на сцена. Младите адвокати сакаат да се истакнат. Имаме докази и доказите беа презентирани. Јанева имаше либерален пристап во однос на притворите и одземањето на патните исправи. Таа е жртва на овој случај и тоа ќе го докаже, изјави Павлески.

ИЗВОР: МКД.МК

 

Најнови вести